Американските разузнавачи веруваат дека Украина го одобрила убиството на Дугина

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

Американските разузнавачки служби не биле запознаени со планот за напад во кој беше убиена руската новинарка Дарја Дугина, ќерка на влијателниот руски филозоф и националистички идеолог Александар Дугин, но сметаат дека поединци од украинската влада одобриле нејзина ликвидација, пишува „Њујорк Тајмс“.

Во извештајот на „Њујорк Тајмс“се наведува дека по експлозијата во предградието на Москва и убиството на 29-годишна новинарка, официјален Вашингтон ги прекорил Украинците, сметајќи дека овој настан може дополнително да го разгори конфликтот.

Нови детали за убиството на Дарија Дугина беа објавени врз основа на документ споделен со претставници на администрацијата во Вашингтон минатата недела, потсетува „Њујорк Тајмс“.

Слични содржини