Убивал деца додека спиеле, избодена бремена жена: Детали за масакрот во градинката во Тајланд

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Најмалку 32 лица, меѓу кои повеќе од 20 деца, загинаа денеска во напад на градинка во североисточниот дел на Тајланд.

Пања Камраб, поранешен полицаец, е осомничен дека упаднал во градинката околу 12:30 часот по локално време и почнал да пука и да ги прободува децата и вработените.

Медиумите јавуваат дека тој упаднал во градинката недолго откако децата завршиле со ручекот, а некои од нив ги убил додека спиеле, односно лежел во собите и се подготвувале за попладневниот одмор.

Меѓу жртвите има и воспитувачка која била осми месец бремена.

По крвавиот настан, напаѓачот побегнал од местото, а потоа ја убил сопругата, трите деца и на крајот си го одзел животот.

Мотивот за бруталното злосторство не е познат.

Инаку, според тајландските медиуми, Камраб минатата година бил отпуштен од полицијата, откако било откриено дека користел наркотици.

Слични содржини