„Не очекуваме никакви опструкции и саботажи“: Иницијативата за референдум на Левица утре кај Џафери

од Берта Китинска
162 прегледи

Утре во Собранието ќе биде доставена иницијативата за референдум на Левица откако вчера заврши постапката за собирање на потписи.

-Не очекуваме никакви опструкции и саботажи кога станува збор за формално правната димензија на оваа иницијатива но сепак политичката волја на владата ќе видиме како и во која насока ќе биде, но ние сме оптимисти, велат за „Локално“ од Левица.

Од партијата на Апасиев посочуваат дека се собрани повеќе од 150 потписи.

-Потписите се собрани бројот е поголем од потребниот. Сите тие што сакаа се потпишаа за иницијативата.Замислата беше во сите општини да биде спроведено собирањето на потписите но, многу канцеларии на ДИК не се во функција бидејќи нема замена за вработените кои се отидени во пензија.Со тоа се остава впечаток дека кога политичкит партии се моблизираат за избори има луѓе, а кога ќе дојде ред за некоја граѓанска иницијатива тогаш тие не функционираат па така граѓани од другите градови мораа да патуваат по 30 до 40 километри за да се потпишат, велат од Левица.

Прашањето за кое Левица бара да се распише референдум гласи: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“. Претходно Апасиев изјави дека иницијативата е за распишување на задолжителен дополнителен референдум.

Доколку иницијативата е уредна и добие „зелено“ светло од спикерот Таалт Џафери, таа ќе биде проследена до Комисиите кои ќе треба да се изјаснат за нејзината уредност.

Б.М.

Слични содржини