Утре во Oхрид же биде отворен бугарскиот клубот „Цар Борис Трети“. Опозициските пратии ги повикаа граѓаните да излезат на протест.
-Во Охрид треба да се протестира, но да биде тоа демократски израз на волјата на граѓаните.Само протестот да биде мирен, а не насилен протест, зашто во спротивно повторно ќе печалат оние што ја доведоа Македонија во оваа ситуација, а тоа се СДСМ и ДУИ. Го подржуваме протестот и повикуваме да се излезе и да се протестира на мирен начин. Битно е да не се отргне вниманието од кризата и инфлацијата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој повика на масевен протест кој же биде мирен и демокртски.И Левица повика на протест против отворањето на бугарскиот клубот .
– Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза!Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!На 07-ми октомври (петок) со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив, соопштија од Левица.