Милошоски: Во овие околности сме против внесување на Бугарите во Уставот

од Nikola Popovski
207 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели во овие околности тој и пратениците од неговата партија се против внесување на Бугарите како посебен народ во македонскиот Устав.

-Сметаме дека ова барање не е случајно и не е последно барање. Тоа ќе биде само почеток на едни сизифовски маки и лавиринти, каде ние ќе разговараме за името на гимназијата „Георги Димитров“, училиштето „Димитар Влахов“, Кирил Пејчиновиќ, браќата Миладинови и други, рече Милошоски.

Според него, „СДСМ реагира на тоа дека не се за доволни зошто се отвораат на бугарски клубови, но не реагира на основниот проблем – Договорот за добрососедство“.

-Нека има референдум и нека кажат граѓаните, нека гласаат, побара Милошоски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини