Македонија ја укина забраната за извоз на пченица, брашно и семе од сончоглед

од Nikola Popovski
209 прегледи

Владата на Северна Македонија ја укина забраната за извоз на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено).

Како што се наведува во соопштението, со ова се исполнува обврската преземена како дел од Иницијативата „Отворен Балкан“ дека нема забрани за тргување со основни земјоделски и прехранбени производи.

Оваа обврска е предвидена во Договорот за механизми за безбедност на храна во Западен Балкан, кој беше потпишан на 2 септември на Самитот на „Отворен Балкан“ во Белград.

Одлуката е донесена по предлог на Министерството за економија.

Забраната за извоз на пченица и пченично брашно, Македонија ја воведе на 20-ti јули, а требаше да важи до крајот на годинава.

Истовремено, воведена е забрана за извоз на огревно дрво и пелети.

Слични содржини