Од МВР соопштуваат дека двајцата скопјани се приведени синоќа во 01.05 часот на бул.„ВМРО“ во Скопје. Имено, тие се сомничат дека на 06.10.2022 околу 23.00 часот на бул.„Гоце Делчев“ физички ја нападнале А.Ц.(36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон.
Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката, информираат од министерството.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.