Левица денеска до Собранието ќе го поднесе барањето за покренување референдум, Апасиев не очекува опструкции

од Берта Китинска
141 прегледи

Ние не очекуваме опструкции, доколку спикерот Талат Џафери се осмели да глуми уставен судија ќе почнеме со целосна блокада на Собранието, рече претседателот на „Левица“ Димитар Апасиев пред да го поднесе барањето за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво до архивата на Собранието.

Тој на денешната прес-конференција во Собранието соопшти дека се собрани 750 потписи кои денеска ќе ги предадат во собраниската архива.

Како што рече верува дека ќе имаат координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека очекуваат да бидат сериозно сфатени како опозиција.

– Се надеваме во добра волја да помине оваа референдумска иницијатива, рече Апасиев.

Слични содржини