Спасовски со осуда за отворањето на „Цар Борис Трети“: Ние сме држава родена на придобивките на НОБ

од Nikola Popovski
182 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го осуди денешното отворање на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Според него, ние сме држава која е родена на придобивките на НОБ и тие придобивки ги чуваме и негуваме.

Спасовски вели дека е апсолутно неприфатливо да биде промовиран начинот на однесување преку ликови кои биле дел од фашизмот.

-Јас го разбирам протестот кој го изразуваат граѓаните како најсилно право да го искажат тоа што го размислуваат, изјавил Спасовски во интервју за „Макфакс“.

Со скандирањата „Татари“, „фашисти“, „нацисти“ и фрлени јајца кон зградата на бугарскиот културен центар во Охрид, заврши протестот поради именувањето на овој клуб по царот Борис Трети, за време на чие владеење Бугарија влезе во сојуз со нацистичка Германија и депортира илјадници македонски Евреи во концентрациониот логор Треблинка.

-Ние само ја избравме фигурата на цар Борис Трети за бугарски цар. Не се ни осмеливме да правиме провокации… Не соработуваме со неонацистички или фашистички здруженија, рече претседателот на тоа здружение, Томе Блажевски.

Протестот заврши без инциденти.

Слични содржини