Мицкоски не се откажува од предвремени избори и би коалицирал со албанска партија

од Nikola Popovski
128 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски појасни дека партијата донела одлука за поинаков пристап во однос на инсистирањето за предвремени избори во скоро време.

Сепак, тој демантира дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа изборите да бидат во редовниот термин, пролетта 2024 година.

На прашањето што кога ќе биде во позиција да формира влада, лидерот на најголемата опозициска партија вели дека ќе го избере коалицискиот партнер со кој програмата ќе биде компатибилна.

-Јас ја преферирам албанската опозиција, честопати го говорам тоа и ќе го повторам и во вашата емисија, сепак има едно правило над сите правила и желби а тоа е правилото на Бадентер кој што доколку сакаме да имаме успешно спроведени реформи, ние мораме да го почитуваме, вели Мицкоски во емисијата „360“.

Тој не ја отфрла можноста за формирање на проширена коалиција меѓу сите парламентарни партии, но не како идејата на пратеникот и претседател на ДС, Павле Трајанов.

-Да ја формираме таа широка коалиција денеска и утре 120 пратеници да изгласаме распуштање на Парламентот и да закажеме предвремени парламентарни. Инаку, да кохабитираме во иста Влада не, тоа не, рече Мицкоски.