Феноменот стагфлација важи и за другите европски држави. Тој не е непознат во економијата, се има случувано – тоа се негативни стапки на економски раст, намалување на вработеноста и зголемување на инфлацијата. Во услови на војна, најчесто се случуваат такви движења. Владите можат да направат и ние што го правиме е да се одржи економската активност на компаниите, да се поддржи најранливата катерогија на граѓаните и да се одржи ликвидноста на стопанството и Буџетот, рече премиерот Димитар Ковачевски околу феноменот стагфлација.
Според него, и за наредната година се прогнозира раст на домашниот БДП.
-Ги привршуваме преговорите со ММФ со позитивни очекувања и сметам дека во следните неколку дена министерот за финансии ќе има позитивна вест и за економијата, Буџетот и граѓаните, во однос на преговорите со ММФ и другите кредитирои кои традиционално имаат односи со Северна Македонија, информира премиерот.
Ковачевски потенцира дека условите во кои се наоѓа Европа, се најтешки после Втората светска војна.
-Војната ќе потрае и има неизвесен тек, оти веќе се зборува за можна употреба на нуклеарно оружје, ако ја гледате на американскиот претседател и руските официјални лица. Сето тоа ги прави економските услови за работа и живот на граѓаните, исклучително тешки. Цената на војна е зголемена цена на храна, енергенси, суровини, рече меѓу другото премиерот во емисијата „Клик плус“.