Премиерот Димитар Ковачевски апелира до граѓаните да бидат мирни во овие тешки времиња затоа што ние деноноќно работиме за да обезбедиме сѐ.
-Србија има една разлика – тоа е што има складишта за гас од времето на Југославија. Второ, Србија има конекција со Унгарија и може да складира таму. Ние имаме конекција со Бугарија, која беше во проблем со испораки на гас од Газпром. Тоа се факти за кои што зборуваме. Ние и да сме обезбедиле количина, нема да можеме да ја складираме, бидејќи на нашата територија не постојат резервоари за гас, рече премиерот во емисијата „Клик плус“.
Според него, не можеме во моментов да правиме долгорочни договори за гас и цената да биде иста.
-Цената на енергенсите ја одредуват продавачите. Ние имаме компанија (Макпетрол) која што има договор за увоз на гас во големи количини. Се што го имаат како договори го доставуваат до ЕСМ, која што е компанија што купува. Го имаме ТЕ-ТО кое што е приватен производител на струја, но во моментов не произведува поради високата цена на гасот, појасни Ковачевски.
Премиерот истакна дека досега немаше рестрикции на струја и не е во план да има.
-Се наевам дека условите со снабдување на електрична енергија во Европа, ќе овозможат да немаме рестрикции во наредниот период, додаде Ковачевски.