„Легнале“ 4 милиони долари од продажбата на заедничкиот имот на поранешна Југославија

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите изјави веќе се „легнати“ 4 милиони долари од продажбата на заедничкиот имот на поранешна Југославија во Њујорк.

„Тие средства пред два дена легнаа на сметката на нашата мисија во Њујорк. Во меѓувреме, владата донесе одлука во рамки на тие средства да се купува објект за нашата мисија во Њујорк и со остатокот од средствата во регионот, така што одиме во искористување на средствата директно за потребите на МНР. Досега со сукцесијата МНР добива неколку објекти од резиденцијата во Париз која веќе е наша амбасада, преку станови во Рим, Трст, дел од објект во Њу Делхи, дел од објект во Бразил, Канбера и сите тие се обидуваме да ги ставиме во функција на нашата мрежа“, изјави денеска Османи.

Според неговата изјава, остануваат да се поделат и други објекти на поранешна Југославија во други држави, а меѓу нив се и во Романија и Албанија.

„Тој процес продолжува и ние сме дел од петката која разговара за поделба на имотот и како да ги ставиме во функција на дипломатијата на веќе добиените. На пример, ќе се реновира објектот во Њу Делхи со цел да биде амбасада за да не плаќаме кирија, истото се случува во Бразилија, Атина итн.“, рече шефот на дипломатијата.

Слични содржини