Ако СДСM се против фашистичкиот клуб „Цар Борис“, да го поддржат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, побараа од Белата палата

од Vladimir Zorba
154 прегледи

„Ако СДСМ се против фашистичкиот клуб Цар Борис, зошто им смета законското регулирање, нека го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ“, прашуваат утрово од Белата палата ВМРО-ДПМНЕ.

Законското решение на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи и регулирање на постоечките клубови со цел промена на фашистичките имиња, тврдат оттаму.

Според нив, ако СДСМ е против клубовите со фашистички имиња, тогаш треба да го поддржат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ всушност и дозволи да се отворат клубовите и не направи ништо тоа да се спречи. Власта е виновна и за политиката на асимилација и негација на Македонија која е резултат на политиките на самата СДСМ.

Изјавите на Заев дека македонскиот и бугарскиот јазик и народ се исти, се изјави кои долгорочно ги поткопаа македонските позиции. Тие иако целосно неточни, ги подгреаја апетитите на шовинистички кругови и ја заострија нивната реторика.

Политиките на СДСМ и нанесоа трајна штета на државата“, се додава во соопштението на опозициската партија.