Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика земјите од Европската унија и особено од Балканот да започнат „курс на независност од Русија“ во политиката, економијата и енергетиката, преку зајакнување на соработката.
Во говорот на форумот 2BS, кој го организира Атлантската алијанса на Црна Гора, тој рече дека „сите европски земји мора да ги уништат сите руски мрежи на влијание“ за да се спречи, како што рече, „ширењето на дезинформации, корупција и криминална политика“.
„Тоа не е помалку важно за Балканот отколку за нашиот дел од Европа“, рече Зеленски, пренесе Танјуг.
Во видео пораката на каналот „Телеграм“, тој исто така пренесе дека за време на говорот истакнал дека земјите од европскиот регион треба да ги зајакнат сојузите и соработката за да се ослободат од сите форми на зависност од Русија.