СДСМ ги боли работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кажаа од опозициската партија

од Vladimir Zorba
148 прегледи

„Бледите соопштенија на СДСМ не можат да го сокријат фактот дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за една година направија повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години. Граѓаните знаат дека СДСМ со нивните соопштенија и прес конференции само шират невистини и лаги, со цел да ги прикријат своите афери и криминали“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од Бихаќка.

„Аферата „Броило” тешка 26 милиони евра, каде во центарот на картелот е фатен Ковачевски, не може да се сокрие од јавноста.

Општините каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ таму локалната самоуправа е сервис за граѓаните, а не како претходно за мафијата.

Бројни инфраструктурни проекти се реализираа со цел да се подобри животот на граѓаните.

СДСМ ги боли работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ“, заклучија од Белата палата.