Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 10.30 часот на ул.„Скупи“ го лишиле од слобода Б.Џ.(35) од Скопје.
-Тој се барал по распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година, за сторено кривично дело „кражба“ по чл.235 од КЗ на РСМ, соопшти МВР.
Б.Џ. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.