Главниот град на Украина беше нападнат утрово околу 8:30 часот по локално време.На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат експлозии за време на директен пренос на емисија на Би-Би-Си.
Водителот најпрвин се изненадил и погледнал што се случува, а потоа забрзано почнал да бега.
Потсетуваме, украинските медиуми тврдат дека во Киев се слушнале неколку експлозии, информацијата за нив ја потврди и градоначалникот на градот Виталиј Кличко.
The attacks on #Kyiv could be heard during the #BBC broadcast. pic.twitter.com/6EIMpfRSXd
— NEXTA (@nexta_tv) October 10, 2022
Во Киев се слушнале четири експлозии.
Ова е првпат Киев да биде погоден по многу месеци, а експлозиите се чини дека беа многу поцентрални од руските напади претходно во војната. Според градоначалникот на Киев Виталиј Кличко, експлозиите се слушнале во центарот на градот – во областа Шевченко, пренесува Би-Би-Си.
#BREAKING
Mushroom cloud in centre of #Kiev
4 Explosions reported in centre of Kiev
#Kyiv #CrimeanBridge pic.twitter.com/N54jHFUBcr— UkraineNews (@Ukraine66251776) October 10, 2022
Нападите на градот доаѓаат два дена откако единствениот мост што ја поврзува Русија со окупираниот Крим беше оштетен во експлозија. Претседателот Владимир Путин вчера ги обвини украинските разузнавачки служби за, како што рече, терористичкиот чин.
Aerial Footage Of Ukrainian Town Reveals Devastation After Russian Attack#Kharkiv #UkraineUnderAttaсk #UkraineWar #Kyiv #Ukrainians #Kiev #putin #ukraine #UkraineRussiaConflict #UkraineCrisis #Kyev #Charkiw pic.twitter.com/XHig1Uckpl
— Chilly Chills (@WeeliyumF) March 4, 2022