Вчера имавме сет на фискални мерки и препораки кои што се однесуваат на намалување на расходите во Буџетот и зголемување на приходите, со цел да се ослободат финансиски средства за полесно снабдување во енергетската криза. Постојат претпријатија и институции во кои што се креираат загуби и кои треба да се покријат од Буџетот, затоа сметавме дека менаџмент тимовите на тие јавни претрпијатија треба да бидат високо одговорно ниво и треба да ги намалат трошоците на своето работење и да ги зголемата приходите на компаниите што ги водат. Еден од начините за намалување на трошоците, каде што има плати далеку над просекот, сметам дека во услови на вакви криза треба да се намалат, а тами каде што приходите не соодветсвуваат, треба да направат напор да ги зголемат, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по повод отпочнувањето со работа на 17 мегавати соларна електрана лоцирана во Свети Николе, Амзабегово.
Премиерот посочи дека Владата размислува и за нашата близина до друга временска зона со земјите на Грција и Бугарија и што тоа значи во однос на нашето сметање на времето.
-Пред крајот на месецот ќе видиме дали ќе продолжиме со истото сметање на времето. Во моментов некако повеќе има про-оставање на летното сметање на времето, но да ги видиме сите анализи и ќе донесеме одлука, одговори Ковачевски на новинарско прашање за можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.