Бектеши за контактите на Мицкоски: Компанијата за природен гас е од Швајцарија, околу мазутот се работи за фирма од БиХ

од Nikola Popovski
332 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека викендов бил во Белград, каде што имал средба со компанија регистрирана во Швајцарија, иако како што наведе, сопствениците се од регионот. Компанијата е една од контактите и позициите што ги понуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијн Мицкоски за набавка на поевтини енергенси.

Според Бектеши, тоа е компанија за снабдување со природен гас кој доаѓа од Русија,преку турски тек.

-Голема работа ни заврши Ковачевски со бугарскиот претседател Радев. Утре патувам за Чешка каде што ќе имам состанок со сите министри за енергетика од Европската комисија. Внимателно следиме и кога ќе имаме конкретна понуда од овие контакти или позиции ќе ве информираме во детали. Во делот на набавка на мазут, се работи за компанија од Босна и Херцеговина, појасни министерот на прес-конференција.

Слични содржини