Владата утврди предлози за ратификација на два договора на “Отворен Балкан“

од Берта Китинска
210 прегледи

Владата на Северна Македонија денеска одобри два предлог-закони за ратификација на договорите потпишани во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ – за меѓусебно признавање на дипломите и за соработка во заштита од катастрофи.

Како што се наведува во соопштението, целта на Предлог-законот за ратификација на Договорот на земјите од Западен Балкан за заемно признавање на дипломи и научни звања е да се олеснат процедурите за признавање на овие документи.

-Целта на утврдениот Предлог на Закон за ратификација на Договорот помеѓу земјите од Западен Балкан од областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, е да се олеснат процедурите за признавање. Тоа е предвидено преку олеснување на институционалната соработка во областа на признавањето на дипломите и научните степени од високо образование, стекнати во земјите на Договорните страни, помеѓу канцелариите ENIC/NARIC. Целта на утврдениот Предлог на Закон за ратификација на Договорот за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан е, договорните страни, во согласност со нивните соодветни расположливи капацитети, да си помагаат една на друга, во случај на катастрофи, кога Договорната страна барател, не е во состојба да се справи со последиците од катастрофата, користејки ги сопствените ресурси, велат од Влада.

Земјите членки на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ се Северна Македонија, Србија и Албанија.

Слични содржини