Премиерот Димитар Ковачевски во емисијата 24 анализа рече дека ќе се обезбедат дополнителни субвенции за струја.
– Самото продолжување на субвенционирањето на електрична енергија за 610 000 домаќинства и 72 000 мали потрошувачи, субвенцинирањето на струјата значи дека ќе има нов издаток од буџетот. Тоа значи дека вкупната сума која ќе биде иплатена од буџетот надминува 220 милиони евра само за субвенција на стујата која ја плаќаат граѓаните. Доколку не е таа субвенција, која ја дава државата преку ЕСМ за да може да произведе струја која е поевтина и да ја продаде по пониска цена од пазарната на ЕВН, сметките на граѓаните би биле петпати поголеми, рече Ковачевски.