„Бевме критикувани од опозицијата дека не можеме да ги привршиме преговорите со ММФ ради состојбата со економијата и нашата фискална и монетарна политика. Овој договор со ММФ потврди дека таквите обвинувања биле без основа“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека во потпишаниот инструмент со ММФ се наведува дека тој е базиран врз основа на добрите економски политики, врз основа на стабилната фискална и монетарна политика, таргетираните мерки како и перформансите на економијата.
„Инструментот ќе биде исплаќан оваа, идната и годината после тоа. Каматата ќе биде помеѓу 1 и 2 проценти, а враќањето ќе оди сукцесивно како заздравува буџетското функционирање“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека парите од ММФ ќе се користат за поддршка на буџетот и поддршка на девизните резерви.