Јас ќе бидам многу искрен со вас, јас бев тој кој што учествуваше во тие преговори со Бугарија, а со цел да почнеме преговори со ЕУ и јас го дела чувството на македонските граѓани во однос на целиот тој јавен дискурс, во однос на сите коментари кои што беа кажани, во однос на сите изјави кои што доаѓаат и допираат до нашите граѓани. Чувството кое што јас го имам е чувството кое што го имаат нашите граѓани, во претходниот период кога се водеа тие разговори, преговори па и пред тоа е како некој со нож да ве сече во стомак, така го чувствував.Но, на крајот на денот, вие мора да донесете одлука која се однесува на идните генерации, вели премиерот Димитар Ковачевски .
-Помеѓу мене и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и на некои нови сателити околу нив е во тоа што тие сакаат преку изјави за минатото да ги направат горди, ама горди да седат сами на мала маса, како досега. Јас сакам да ги направам граѓаните горди, но да се седат на големата маса, со заштитен идентитет, рече Ковачевски.
Премиерот вели дека изборот на имиња на бугарските здруженија кои се дел од најтемниот период на Европа и светот, не придонесуваат кон подобрување на односите помеѓу соседните држави, но уште повеќе ги повредуваат чувствата на македонските граѓани.
– Јас јасно ги искажувам моите ставови за тие здриуженија со имиња на соработниците на фашистичкиот режим. Имам информација од Централниот регистар дека тие ја разгледуваат документацијата и заради оцигледната намера на граѓани да формираат такви здруженија кои ги нарушуваат чувствата и односите со соседна држава, формиравме тело во Владата, односно во министерството за правда која треба да ја оцени дали одредено име може да биде користено или не. Сметам дека Централниот регистар треба да се обрати. Второ, согласно со сите законски регулативи, треба институциите во државата кои се задолжени за спроведување на законите да интервенираат во однос на тоа, дали тие здруженија се формирани, согласно законот. Трето, според мислењето на експертите, имаме прелиберално законодавство за формирање на вакви здруженија, рече Ковачевски во ТВ 24.
Тој посочи дека експертите треба да го следат германското законодавство како пример.