Пендаровски заедно со Претседателите на земјите од Централна и Источна Европа: „Масовните руски напади во Украина се воено злосторство“

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Масовните руски бомбардирања на украинските градови претставуваат воени злосторства според меѓународното право, изјавија денеска претседателите на земјите од Централна и Источна Европа.

„Ние, претседателите на Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија и Словачка, го осудуваме масовното бомбардирање на украинските градови неодамна извршени од Русија, кои според меѓународното право претставуваат воени кривични дела“, наведуваат тие во соопштението.

Русија ги нарекува своите дејствија во Украина „специјална операција“ за која вели дека не е дизајнирана да окупира територија, туку да ги уништи воените капацитети на јужниот сосед и да ги фати оние што ги смета за опасни националисти.

Русија негира дека намерно гаѓа цивили.

Пред една недела, претседателите на девет земји од Централна и Источна Европа, членки на НАТО, ја осудија руската анексија на четири делумно окупирани украински провинции, отфрлајќи го рускиот потег како незаконски и ги поддржаа аспирациите на Украина за влез во НАТО.

Соопштението го потпишаа лидерите на Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Чешка, Северна Македонија, Црна Гора, Романија и Словачка.