ССМ им се налути на Ковачевски и Мицкоски: „Опозицијата настапува бетер од Владата“

од Nikola Popovski
176 прегледи

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) упати остра реакција до премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Велат дека 70.000 членови на ССМ се непријатно изненадени од последните изјави на Ковачевски и Мицкоски „кои како договорени во исти ден заговараат и бараат уназадување на работничките права“.

-Едниот планира преку намалување на платите да намалува трошоци, а другиот ќе троши вишоци на струја но сите работници да работеле во недела иако е недела е неработен ден за 92% од работниците. Владата на која и се случува генерален штрајк во јавниот сектор кој се уште трае онаму каде што истата не ги зголемила платите, сега планира да штеди и да им ги намали платите на работниците, во услови на 18,7% инфлација и до 100% зголемени цени на основните прехранбени производи и на тој начин дополно да ги осиромаши своите граѓани и работниците за дополнителни 10%, а се поради тоа што владеачката партија СДСМ односно Владата не ги зголеми платите на работниците, а опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите на локално ниво, а истото го сторија и други совесни граночалници и други политички партии онаму каде што имаат функционери, стои во реакцијата.

Од ССМ потенцираат дека „опозицијата настапува бетер од Владата и Мицкоски и како една од главните мерки за надминување на енергетската криза предлага да се укине недела неработен ден иработниците да работеле во недела оти имало вишоци на струја, а работодавачите да бирале сами друг ден во неделата за неделен одмор.

-Уште пострашно е што ваквата изјава доаѓа по произнесувањето и на судиите од Уставниот суд дека ова право недела да биде ден за неделен одмор требало многу порано да биде утврдено на работниците и како такво задолжително мора да остане во примена. Ковачевски и Мицкоски веројатно сметаат дека работниците им се само гласачка машинерија и дека работниците не се свесни за нивните работнички права и не се свесни за нивната моќ, се вели во денешното соопштение од ССМ.

Слични содржини