По одржаната XXXII-ра седница на Уставниот суд денеска, одлучено е предметот оформен по Иницијативата за член 19 став 16 од Законот за административни службеници е одложен за некоја од наредните седници на Судот поради дополнително доработување на рефератот.
Исто така не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, склучен помеѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 149/2021).
На денешната седница беше отфрлена Иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за Детален урбанистички план за станбена заедница број 4 и 2 Реонски Центар Запад, Блок 1 – Општина Битола, донесена од Советот на Општина Битола под број 09-135/5 од 08.10.2018 година.
Се отфрла и иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Решението на Комисијата за денационализација со седиште во Скопје, општина Центар ДН. Бр.17-08-302/1 (314) од 03.08.2002 година.