Петровска: С. Македонија на дело покажа дека е посветена на помошта и поддршката на Украина

од Nikola Popovski
123 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на состанокот на Контакт – групата за Украина во организација на САД, на кој присуствуваа и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, министерот за одбрана на Украина, Олекси Резников, НАТО генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг и поголем број министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.

„Северна Македонија на дело покажа дека заедно со сојузниците е цврсто посветена на помошта и поддршката на Украина, зашто таа поддршка значи и поддршка за одбрана на територијалниот суверенитет, независноста и самостојноста на оваа земја која беше нападната, брутално и без провокација. Нашата цел никогаш не била и нема да биде војната да се оддолжи, туку независна и суверена Украина да може да се одбрани од агресијата врз неа“, рече министерката Петровска на состанокот.

Министерката порача дека досега Владата на Република Северна Македонија донесе три одлуки за помош и поддршка на Украина.

Слични содржини