Османи: Европската комисија го нотира позитивниот напредок за земјава за годинава

од Берта Китинска
169 прегледи

Европската комисија во новиот Извештај за напредокот на Северна Македонија за 2022 година што беше презентиран денеска во Брисел, го нотира позитивниот напредок за земјава за 2022, пишува шефот на дипломатијата Бујар Османи на неговиот фејсбук профил Османи.

Тој наведува дека Извештајот на ЕК е позитивен и претставува јасен патоказ за Република Северна Македонија и нејзините институции за натамошно спроведување на домашните реформи.

-Одржувањето на првата Меѓувладина конференција во јули 2022 година претставува историски момент и ја означува новата фаза во процесот на пристапување во ЕУ. Многу добар напредок со целосното усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика по руската агресија врз Украина.Во делот на регионалната соработка, земјата одржува добри билатерални односи со другите земји од регионот и продолжува да се ангажира во регионалните иницијативи, ги посочува Османи.