Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не е ист случај како со претходната иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ. Ако правилно го читаме, иницијативата е вратена на корекција, односно спикерот Џафери спротивно, во негов стил силеџиски, како уставен судија, но сега со друга финта ни ја врати да ја усогласиме во рок од 15 дена. Ние впрочем тоа и ќе го направиме, вели лидерот на политичката партија Левица Димитар Апасиев во изјава за Сител ТВ, додвајќи:
„Oва враќање на спикерот Џафери е само добивање време, односно купување време“.
Тој го повтори ставот дека доколу Џафери ја отфрли иницијативата откако ќе ја коригираат ќе почнат со целосна блокада на Собранието.
„Се надеваме дека нема да се дрзне, бидејќи во спротивно ќе го блокираме целото Собрание затоа што тоа не е негова своина, не е негова сопственост и за ова одбивање ќе добие и соодветен поднесок од мене против него лично бидејќи како физичко лице ги објавил моите лични податоци што исто така е кривично дело“, вели Апасиев.
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ја врати иницијативата на Левица за организирање референдум за францускиот предлог со кој почнаа преговорите на ЕУ со Макеоднија.
„Испитувајќи го вашето Барање за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен дополнителен референдум, увидов дека бараањето не е подготвено во совласност со одредбите од Деловникот, а особено член 135 од истиот, а и поставеното прашање упатува на несоодветно поставено прашање од причина што заклучоците не се општ правен акте, закон или устав, истите по нивната природа и содржина се став кој ја насочува Владата на Република Северна Македонија во нејзино постапување“, се вели во одговорот на Џафери кон Апасиев.
Џафери дополнува дека согласно член 136 од Деловник, ако предлогот на Закон не е подготвен во согласност одредбите, претседателот на Собранието пред да го достави на пратениците ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите на овој деловник.
„Ако предлагачот не го направи тоа во рок од 15 дена ќе се смета дека предлогот на Закон не е поднесен“, пишува Џафери во одговорот.