Спасовски: На секои три-четири месеци се пласира вест за моја смена

од Nikola Popovski
181 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово демантираше дека има вистина во информациите за поднесување на негова оставка од функцијата.

-Користењето на социјалните медиуми и онлајн платоформи создадоа простор на многу луѓе да изнесуваат ставови, што и не е толку лошо, но постои голема злоупотреба во тој медиумски простор. Мене најмногу ми смета што некои се изедначуваат со новинарите. Во однос на лажните вести, тоа не престанува да биде начин на кој се пласираат одредени информации за јавните личности. Најдобрата одбрана од лажни вестите е да ги пласирате вистинските информации и да одговорите на сите тие прашања. На секои три-четири месеци се пласира ваква вест за моја смена или несогласувања во партијата или формирање на фракции. За мене би било чудно доколку вакви информации не се пуштаат во јавноста. СДСМ тоа го демантираше, рече Спасовски во утринската емисија на МТВ 1.

Тој се заблагодари на сите медиуми и новинари кои што ги бараат одговорите, таму каде што треба вистински да ги најдат и кои што ги пласираат во јавноста.

Слични содржини