Тоа е за сите, за цел јавен сектор. Во период на криза не е период на калкулации. Таму има дадени совети што треба да направат и на централна власт и на локална власт и јавни претпријатија и акционерски друштва. Не е насочено лично кон никого, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и потенцира дека владините мерки и препораки за намалување на расходите на буџетските корисници не се директно упатени кон УПОЗ, ниту кон некого лично.
Битиќи порачува дека се е начин на заштеда во периодот.
-Тоа не е документ и не е насочен кон УПОЗ, туку оди во насока на креирање на методологијата и на законот за плати, така да, сеопфатно ќе се дадат резултатите, рече вицепремиерот.
Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски вчера обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Според него, освен мерката за намалување за 10 отсто на платата која што беше единствено соопштена во јавноста, документот содржи уште неколку точки меѓу кои и намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, АНБ, во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации.
За синдикалците спорни се и, според нив, намерите на владата за суспензија или укинување на колективните договори.