Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, истакна дека ставот на германската влада е дека меѓусебното признавање на Србија и Косово е неопходно и дека без него нема членство во ЕУ.
На заедничката прес-конференција со министерката за надворешни работи на Приштина, Доника Гервала-Шварц, Бербок истакна дека целта на Германија е да го стави Западен Балкан во фокусот на ЕУ.
„Две членки на ЕУ кои меѓусебно не се признаваат е незамисливо“, изјави Бербок.