Највисока оценка – многу добар напредок во надворешната политика, вели Османи за извештајот на ЕК

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Највисока оценка – многу добар напредок – во извештајот на Европската комисија за напредокот остварен во надворешната политика, пишува МНР Бујар Османи на својот Фејсбук профил.

„Почеток на преговорите со ЕУ како историски момент што означува нова фаза во пристапниот процес на земјава, целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, докажан доверлив партнер и стратешки ориентиран кон основните принципи и вредности на ЕУ, значаен придонес во регионалните односи и иницијативи, потенцираше министерот на Фејсбук, нагласувајќи дека тој резултат ја валоризира нивната работа, што е мотив повеќе да продолжат со исто темпо и следната година за Претседавањето со ОБСЕ, Претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и Претседавањето со САД – Јадранската повелба – А5“, додава тој.