Ако треба закон за функционерите да не земаат плата, тогаш ќе направиме, порача Ковачевски

од Nikola Popovski
237 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Владата истакна дека „не верува во луѓе кои што работат без плата“.

-Има политичари кои што велат дека ќе работат без плата. Не верувам во такви луѓе. Секој човек може да донира. Ако треба да правиме законско решение, за функционерите да не земаат плата, тогаш ќе направиме. Сум имал такви активности во животот, меѓутоа никогаш не сум го правел со реклама, одговори Ковачевски на новинарско прашање дали некој од министрите изразил желба да се солидаризира и да ја донира својата плата или да бара намалување во време на енергетска и економска криза.

Ковачевски додаде дека одлуката за донирање на платите на функционерите се приватни работи и побара од новинарите да ги прашаат нив.