147
Политичка одговорност за што побрзо да се донесат уставните измени за внес на Бугарите во Уставот побара денеска спикерот Талат Џафери.
-Следен предизвик на Собранието и за државата ќе биде процесот за уставните измени како услов за влегување во следната фаза. И јас верувам дека сите политички фактори се севесни за важноста на успехот на овој процес за одржување на следната меѓувладина конференција, кажа Џафери.
Без уставни измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во македонскиот Устав, надежите за ЕУ лесно би можеле да се распрснат како „меур од сапуница“.