197
Министрите на ДУИ се едни од поактивните и секојдневно даваме отчет пред граѓаните, еве како ова гостување, вели министерот за економија и член на ДУИ, Крешник Бектеши во денешното гостување во “Само интервју” на Канал 5 телевизија.
-Не очекувам ескалција, јас можам да зборувам и да давам отчет пред партиските органи и највежно е пред граѓаните.Министрите на ДУИ се едни од поактивните министри.Ахмети е 20 години неприкосновен лидер тој покажал дека се мисли добро на државата, вели Бектеши.
Ова министерот го кажа како коменар на случувањата со “огнената група” во ДУИ која издејствува во партијата викендов да се одржи претседателство на кое министрите треба да дадат отчет пред членството.