224
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски смета дека мора да зголемиме повеќе домашното производство, како одговор на вртоглавото растење на производите во маркетите.
-Што поголемо домашно производство и тоа го правиме со политиките што ги предлагаме и со промените на моделот, изјави Николовски во емисијата „Клик плус“.
Тој посочи дека не е време за политиканство во ваква криза која го погодува целиот свет.
-Верувам дека политиката ќе остане настрана токму во една ваква криза која што го погодува целиот свет, сите економии и нашето земјоделство, вели Николовски.