Сите придобивки од консумирањето мандарини

од Stefanija Kuzmanovska
563 прегледи

Мандарините припаѓаат на групата на цитруси, а потекнуваат од Југоисточна Азија.

Тешко е да се замисли есента без ова овошје, кое поради неговите здравствени придобивки дефинитивно треба да се консумира. Ако ги јадете секој ден, постои голема веројатност да изгубите некој вишок килограми.

Ова се само дел од придобивките од консумирањето мандарини:

Помагаат при настинки и грип

Мандарината е одличен извор на витамин Ц, кој е важен за имунитетот и борбата против сезонските болести, чии симптоми ги ублажува и го забрзува закрепнувањето.

Во 100 грама од ова овошје, кое го добило името по бојата на униформата на кинеските државни службеници, има околу 30 милиграми од оваа хранлива состојка, која задоволува една третина од дневната потреба за витамин Ц.

Ги топи вишокот килограми

Поради малата пропорција на маснотии и сол, мандарина се смета за нискокалорична храна и се препорачува да се вклучи во менито за луѓе кои се обидуваат да ги изгубат вишокот килограми.

Го забрзува метаболизмот и на тој начин помага во топење на масните наслаги во пределот на стомакот. Цитрусните овошја имаат и низок гликемиски индекс, што помага да се балансира нивото на шеќер во крвта, па затоа се препорачува и за дијабетичари.

Го забрзуваат варењето

При консумирање на мандарини, не треба да се заборави на белата влакнеста обвивка што го опкружува плодот од внатрешната страна на кората.

Ако јадете многу јаглехидрати и масти, тој дел од цитрусното овошје полн со диетални влакна ќе ви помогне да го забрзате заспаното варење. Поточно, мандарината ја забрзува цревната перисталтика.

Го штитат срцето и кардиоваскуларниот систем

Мандарината е добар извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок, го балансира срцевиот ритам и го штити здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Хранливите материи во мандарините го спречуваат и таложењето на лошиот холестерол во артериите, што може да доведе до срцев удар.

Тие се природен антисептик

Во зачувувањето на здравјето ќе помогне и есенцијалното масло од мандарина, кое се смета за природен антисептик бидејќи го штити организмот од некои бактерии.

Тоа придонесува за ублажување на болните грчеви во органите за дишење, а делува и релаксирачки на нервниот систем, па затоа се препорачува доколку сте под стрес.

Мандарините, како и другите цитрусни овошја, содржат многу оксалати, па затоа не се препорачуваат за луѓе склони кон камења во бубрезите и жолчката.

Слични содржини