Од 629 тестови, регистрирани се 70 нови случаи на КОВИД-19, објавија од Министерството за здравство.
Билансот по градови изнесува: Скопје– 51, Прилеп– 9, Битола и Куманово– по 3, Охрид– 2, Тетово и Кавадарци– по 1.
Од вкупниот број на позитивни (70), регистрирани се 18 реинфекции.
Регистрирани сe 60 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Велес и Штип – по 2, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.176.205 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.585, бројот на оздравени пациенти е 333.707, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 327.