Македонија го откажа своето учество на Евровизија 2023 во Ливерпул.
Веста ја потврдил директорот на Македонската радио телевизија (МРТ), Марјан Цветковски. Тој во изјава за ММС истакнал дека не платиле котизација за овогодинешната манифестација.
-Најголем проблем се струјата и големите трошоц. Поради оваа состојба, скратени се сите трошоци, па така парите што требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја, изјавил Цветковски.
Ова е првпат нашата земја сама да се откаже од учеството на Евровизија.
Ланската година македонската претставничка Андреа Коевска не се пласираше во финалето и со песната „Circles“ го заврши пласманот во втората полуфинална вечер, каде го освои 11-тото место. Според податоците, таа освоила 76 поени, од кои 56 од жири комисијата и 20 од телефонското гласање на публиката.