Деспотовски кон Димовски: Не чувствувам потреба да го прашам ниту Гркот ниту Бугаринот дали сум Македонец

од Берта Китинска
278 прегледи

Имате докуметн во ЕУ со македониски јазик на кој нема фуснота, ниту цртички ниту запирки, вели Јован Деспотовски член на СДСМ и директор на ТИРЗ во „Само Вистина“ .

На оваа негова изјава му реплицираше Илија Димовски поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ велејќи:

„За Грција има фуснота која е внесена во Преспанскиот договор, додека Бугарија си има произнесено својот став којшто веќе го има предложено во преговарачката рамка.“

На оваа рекација Деспотовски повторно напомена дека македонскиот јазик без фуснота се пишува во ЕУ.

-Јас вчера го видов документот кој беше и јавно објавен и не видов фуснота, не чувствувам потреба да го прашам ниту Гркот ниту Бугаринот дали сум Македонец и дали зборувам македонски јазик.Ова што го зборувам го пишува, кажа Деспотовски.

Слични содржини