За време на самитот Централна Азија-Русија во казахстанска Астана, таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон му рекол на Владимир Путин дека Русија треба да престане да се однесува кон земјите од Централна Азија како да се сè уште дел од Советскиот Сојуз.
-Не сме 100 или 200 милиони. Но, ние сакаме да бидеме почитувани. Каков договор прекинавме? Дали можеби те поздравивме на погрешен начин? Секогаш сме ги почитувале интересите на нашиот главен стратешки партнер Русија – му рекол претседателот на Таџикистан на Путин.
– Сакаме да не почитуваат. Владимир Владимирович, ве молам, не правете политики каде што земјите од Централна Азија се третираат како да се дел од СССР – рекол Рахмон, пренесува порталот, цитиран од „Јутарњи“.
– Секогаш најмногу го почитувавме нашиот најголем стратешки партнер (Русија). Но сакаме и почит! Па што сме ние?! Абориџини? Ви се молам…, додал тој