Бројот на загинати во експлозијата во рудник за јаглен во северна Турција се искачи на 40, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Тој рече дека 11 повредени рудари се хоспитализирани, додека 58 рудари се спасени од рудникот.
Несреќата се случила на 14 октомври во рудникот во градот Амасра на брегот на Црното Море, а во моментот на експлозијата во рудникот имало 110 лица.