Симптом на рак на дебелото црево, што никој не го сфаќа сериозно, е полош ноќе

од Vladimir Zorba
541 прегледи

Развојот на рак на дебелото црево, кој е познат и како колоректален карцином, може да се открие благодарение на изненадувачки симптом кој се влошува ноќе.

Според експертите од „Cancer Research UK“, кашлицата може да укаже дека ракот се проширил на белите дробови. Кога е во напредна фаза, колоректалниот карцином се шири на овој орган, но и на црниот дроб. Експертите истакнуваат дека упорната кашлица која се јавува во текот на ноќта е најчест симптом, а многу луѓе го игнорираат.

Најчесто, лекарите дијагностицираат рак на дебелото црево само кога ќе ја достигне оваа фаза. Покрај кашлањето, пациентот може да ги има следниве симптоми:

*Краток здив
*Инфекции на долниот респираторен тракт
*Кашлање крв
*Акумулација на вода во градите и белите дробови

Вообичаени симптоми на рак на дебелото црево се замор, слабост и губење на апетит. Во прогресивна фаза, тие може да бидат придружени со непријатност или болка во десниот дел на абдоминалната празнина, гадење, губење на тежината, надуеност (асцит), жолтица и чешање.

Според експертите, ризикот од развој на рак на дебелото црево зависи од фактори како што се возраста, генетската предиспозиција и начинот на живот. Исхраната може да влијае и на ризикот од развој на рак.

Најчести фактори на ризик се: претераното консумирање црвено и преработено месо, дебелината, како и недоволното количество влакна во организмот.

Слични содржини