Петровска во официјална посета на Словенија, средба и со претседателот Пахор

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со делегација од Министерството и Армијата, на покана на словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец од утре престојува во дводневна официјална посета на Република Словенија.

За време на посетата министерката Петровска ќе оствари средба со министерот Шарец, по што ќе се реализираат и билатерални разговори меѓу двете делегации.

Утре во Љубљана Петровска ќе се сретне и со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, а ќе се обрати и на церемонијата по повод примопредавањето на музејски експонат – против-авионски топ од германско производство во Втората светска војна, кој Северна Македонија и го предаде на Словенија, настан кој ќе се реализира во Паркот на воена историја во Пивка.

Во текот на посетата, министерката Петровска ќе присуствува на вежба која ќе се реализира во Воздухопловна база на словенечките вооружени сили во Церкље об Крки и ќе го посети регионалното Школо за операции воздух – земја.

Слични содржини