„Ослободувањето од затвор на Бритни Грајнер не е приоритет за Москва“

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Ослободувањето на американската кошаркарка Бритни Грајнер од затворот во Русија, што го побара американскиот претседател Џозеф Бајден пред конгресните избори во ноември, не е приоритет на Москва, изјави денеска помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

„Бајден пред изборите бара ослободување од рускиот затвор на кошаркарката обвинета за шверц на дрога, но тоа не е главно прашање за Москва“, подвлече Ушаков, пренесе ТАСС.

На 4 август, Бритни Грајнер беше осудена на девет години затвор за поседување, транспорт и трговија со дрога.

Слични содржини