Јас и Мицкоски сме нелегално прислушкувани и следени, тврди Николоски

од Берта Китинска
179 прегледи

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тврди дека тој и лидерот на партијата се нелегално прислушувани.

-Ние сме во континуитет нелегално следени од страна на структури кои формално се во рамки на безбедносните структури во Македонија, но ја злоупотребуваат својата службена положба и обвластување.Најследен е претседателот Христијан Мицкоски, исто така и јас сум следен и одредени други членови на ВМРО-ДПМНЕ. Не мислам дека е демократски и нормално високи функционери од безбедносните сили да се гледаат со новинари и да им пласираат полуинформации и невистини, коишто после бараат од нив да ги објават во јавноста насочени кон опозицијата, изјави Николоски во дневникот на Сител.

Николоски изјави дека претходната влада падна заради масовно прислушување.

-Оваа влада имаше перфектен начин да ја научи таа лекција, ама обземени од моќта од тајните служби и тие ќе изгорат можеби и полошо од претходната власт, изјави Николоски.