Рамадани: Приклучувањето на АА во владата дополнително ќе го идентификува антизападното позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ и Левица

од Destan Jonuzi
224 прегледи

Евентуалното вклучување на Алијансата за Албанците (АA) во владината коалиција дополнително ќе го идентификува антизападното позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ и ЛЕВИЦА, оценува политичкиот аналитичар и поранешен пратеник Исмет Рамадани, коментирајќи ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека парламентарното мнозинство има отворени врати за проширување на владината коалиција.

– Да, премиерот ги повикува сите политички партии со евроатланска ориентација да се приклучат кон целите за членство во ЕУ. Сега е свесен дека партиите на Албанците се силно определени во однос на интеграцијата. Тоа секако важи и за Алијансата за Албанците. Но, не ми е јасно зошто АА треба да стане дел од Владата во зајакнувањето на интеграциите, кога е разбирливо дека ги поддржува процесите кои се во интерес на членството на РСМ во ЕУ. Оваа акција дополнително ќе го идентификува антизападното позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ и ЛЕВИЦА на Апасиев. Така второто ќе се соочи со противење од мнозинството граѓани и од факторот САД-ЕУ, изјави за „Локално“, политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.

Д.Ј.

Слични содржини