ВМРО-Народна партија ја повикува МАНУ да ги објави оригиналите на делата на Крчовски и Пејчиновиќ

од Берта Китинска
138 прегледи

ВМРО-Народна партија го поздравува канонизирањето на нашиот просветител Кирил Пејчиновиќ (Св. Кирил Лешочки) исто како и пред извесно време канонизирањето на просветителот Јоаким Крчовски (Св. Праведен Јоаким Крчовски Учител и Просветител), информираат од партијата.

-Во таа насока за да се запознаеме подобро со нивните дела ВМРО-Народна партија ја повикува МАНУ во фототипски изданија да ги објави оригиналите на делата и на Јоаким Крчовски и на Кирил Пејчиновиќ.Во исто време потенцираме дека е срам за македонската држава што дури по 78 години од постоењето зборуваме за овие двајца големи просветители, а нивните дела да не ни се достапни.Сметаме дека канонизирањето на просветителите е добар повод за еден ваков чин, велат од ВМРО-Народна.

Слични содржини